ВМРО-ДПМНЕ: Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што немаат ништо сработено, затоа ги чека уште поубедлив пораз на парламентарни

Од:

„Градоначалниците на СДС немаат отчет затоа што немаат ништо сработено, затоа ги чека уште поубедлив пораз на парламентарни. Над 120 милиони евра се инвестирани во проекти од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во општините со кои раководат. Инфраструктура, инвестиции во образованието, спортот и културата се меѓу областите каде најмногу се инвестира“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„За разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците од СДС скоро и да немаат ништо сработено.

1 година помина од последните локални избори, а во општините управувани од кадри на СДС имаме само стагнација.

И наместо да се фатат за работа, градоначалниците од СДС, како и нивната партија се служат со лаги, манипулации и криминал.

Нема отчет во Струмица, Валандово, Дојран, Делчево, Берово, Пробиштип. Нема затоа што нема со што да се пофалат, затоа што градоначалниците на СДС работат само за себе, а не за жителите на општините со кои управуваат.

Народот јасно ја гледа разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДС. Затоа и СДС ќе загуби на следните избори“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски