ВМРО-ДПМНЕ го промовираше кандидатот за Гостивар Саше Аќимоски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ вечерва го промовираше кандидатот за градоначалник на општина Гостивар, Саше Аќимоски.

Пред членовите и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, Аќимоски ги образложи амбициите и дел од програмата со која ќе влезе во предизборната трка.

– Основни приоритети ќе бидат конечното решавање на депонирањето на комуналниот смет и депонијата Русино, довршувањето на проектот пречистителна станица за градскиот водовод, нов мост и решавање на сообраќајното тесно грло во градското јадро, рече Аќимоски.

Кандидатот за градоначалник нагласи дека со победата на локалните избори ќе му ги врати вредностите на првиот град на Вардар, кои во изминатиот период се изгубиле и биле ставени на маргините, како што се спортот и културниот живот.

Аќимоски заблагодарувајќи се на поддршката, вети дека ќе се залага за фер изборен процес, без навреди и омаловажувања на противкандидатите.

Саше Аќимоски е дипломиран економист, вработен во АД ЕЛЕМ и актуелен претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Гостивар.

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме