ВМРО-ДПМНЕ го промовира кандидатoт за градоначалник за Виница, Емил Дончев

Од:

Изградба на комплексот Градски пазар, трговски-деловен центар, мултикултурен центар, повеќенаменско игралиште во село Истибања, нова атмосферска канализација, реконструкција на водоводната мрежа во градот, набавка на две возила за смет, довршување на забавниот парк, промоција на СПА комплексот Топлички рид и истражувања на Виничкото Кале, се проектите за кои ќе се залага кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ во општина Виница Емил Дончев.

– Наша цел е Виница да биде најпосакуваното место за живеење. Знаеме дека сме на вистинскиот пат, рече Дончев.

Тој истакна дека пред четири години, кога дошол на функцијата градоначалник затекнал општина со блокирана сметка на која, како што рече, секојдневно растеа каматите.

– Прва задача за мене и мојот тим беше да поставиме цели со точно дефинирани рокови, како општината да ја застанеме на цврста подлога спремна за предизвиците кои доаѓаат. Бевме меѓу првите општини во Македонија што добија лиценца да управуваат со градежно неизградено земјиште. Ова го искористивме да отвориме нови индустриски зони, нови плацеви за индивидуално и колективно домување, а приходите да ги искористиме за враќање на старите долгови, рече Дончев.

Тој потсети на повеќе реализирани проекти, како изградба и реконструкција на 15 километри локални и 10 километри регионални патишта во соработка со Владата, поплочена е површина од 6.000 метри квадратни, изградени се и реконструирани 5.000 метри водоводни и канализациски мрежи. Почнува реконструкција на уште 5.000 метри водоводна мрежа во градското јадро, а во тек се подготовки за изградба на канализација во селата Градец, Трсино и Истибања, поврзување на водовод на село Лески со Виничкиот водовод, изградба на филтер станици во селата Трсино и Крушево и реконструкција на водовод во село Блатец.

– Две бушотини за техничка вода, изградба на детски забавен парк, излетничко место „Свет Крст“, Параклис на плоштадот, споменик-Теракота, поставивме се 200 контејнери и 800 канти за смет, реконструкција на градинки и основни училишта, изградени се спортски терени и сали, нови фудбалски игралишта и повеќе културни манифестации, се дел од реализираните проекти во Виница, рече Дончев.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Сиљановска води во сите скопски општини: Предност пред Пендаровски има и во Чаир, Сарај, Шуто Оризари

Пендаровски: Резултатите не се како што очекувавме, веројатно разликата ќе биде околу 130 илјади гласови

Александар Тодески

Касами: ДУИ има купено гласови, Влен ги доби гласовите на Албанците

Александар Тодески