ВМРО-ДПМНЕ: Го повикуваме Спасовски да каже на кои светски мафијаши не им дал пасоши, така списокот е многу помал

Од:

„Оливер Спасовски очигледно добро знае на кои светски мафијашки и атентаторски имиња МВР со него на чело има издадено пасоши, како и веројатно кои биле на список на чекање за пасош“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на демантот на МВР.

„Затоа, Оливер Спасовски редно е да соопшти и испрати список на сите имиња на светски мафијаши на коишто им е обезбедено пасош со македонско име, за да не ја доведуваат светската јавност во заблуда.

Воедно, во интерес на просторот и времето Спасовски може да објави и список на имиња на светски познати мафијаши и атентатори коишто немаат пасош од МВР, а којшто список веројатно е покус.

Срамно е за Македонија истиот министер којшто управувал со МВР додека звучни имиња од светското подземје доаѓале во полициска станица на организирано фотографирање и подготовка на оригинални македонски пасоши со вистински идентитет на македонски граѓани, се уште да е министер додека за секоја акција против организираниот криминал во светот да се посочува на Македонија, пасош од МВР на Спасовски и аферата „Мафија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на демантот на МВР.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче