ВМРО-ДПМНЕ: Го поддржуваме народот кој масовно, достоинствено и гласно кажува Ултиматум-НЕ благодарам

Од:

Народот недвосмислено, масовно и достоинствено кажува НЕ на ултиматумот и уцените содржани во предлогот, кој владата на Ковачевски е спремна да го прифати и на тој начин да дозволи бугаризација на Македонија, наведе ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Власта преку прифаќањето на предлогот прифаќа и менување на учебници, менување на историјата, на историските настани и ликови, менување на Устав и слични понижувања. Со еден збор Владата прифаќа Македонија или да биде вечен преговарач или апсолутна асимилација.

Залудни се обидите на власта преку провокатори и преку исценирање на меѓуетнички судири да ги контаминира протестите. Кога веќе владата ги распродава државните и националните интереси, тогаш народот преку мирни и достоинствени протести ги штити“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата заради функции и фотелји е спремна на се, но тоа граѓаните го прочитаа и нема да им го дозволат.

Доколку власта реши да го турка овој процес насила, спротивно на волјата на народот, тогаш ВМРО-ДПМНЕ уверува нема да дозволи вакво национално предавство и ќе гласа против Уставни измени , кои се дел од уцените во ваквиот предлог.

Народот кажа Ултиматум-Не благодарам и овие сенародни протести и активности ќе продолжат и понатака, а ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржува“, се додава во соопштеието на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт