ВМРО-ДПМНЕ го осудува нападот врз новинарската екипа на МТВ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува последниот напад и притисок врз новинарската екипа на Македонската радио-телевизија од страна на членови и симпатизери на СДСМ. Закани и заплашувања врз новинарите и медиумите мора веднаш да престанат. Новинарите и медиумите мора да бидат оставени слободно и професионално да ја вршат својата работа.

ВМРО-ДПМНЕ повикува МВР во најбрзо време да го расветли случајот, а на сторителите на овој низок и срамен чин да им биде изречена соодветна санкција.

Ваквото срамно и недолично однесување на активистите и челновите на СДСМ е резултат на нервозата од нискиот рејтинг на својата партија и на нивниот лидер Зоран Заев, извесниот пораз кој ги очекува на 11-ти декември. Нервозата на членстово на СДСМ во никој случај не смее да биде истурено врз новинарите и новинарските екипи.

Ова не е прв пат активисти на СДСМ да нападнат новинар или медиуми. Само за потсетување нападната беше новинарката на ТВ Сител, Ивона Талевска, нападнат беше новинарот Јанко Илковски, нападнат беше Дејан Николовски, Антонио Димитриевски, Бобан Нонковиќ, нападната беше новинарската екипа на Република, а беа демолирани и просториите на Радио Слободна Македонија.
Заканите кон медиумите, нападите врз новинарските екипи, демолирањето на радио станици, навредите, одземањето мобилни телефони и сите останати форми на насилство мора веднаш да престанат.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Дали познат доктор и поранешен градоначалник одбил функција во раководството на СДС затоа што не го смета Филипче за релевантен?

Манасиевски: Дали е точна информацијата дека никој не сака да му се нафати на Филипче да му биде во раководството на СДС?

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот