ВМРО-ДПМНЕ го осуди инцидентот во кафулето Дамар во Старата чаршија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку соопштение го осуди инцидентот во кој беше демолиран објектот Дамар и беа нападнати недолжни граѓани во старата Скопска чаршија.

– ВМРО-ДПМНЕ не се согласува, не поддржува и осудува секаков чин на насилство, насилнчко однесување и агресија. За нас ваквото однесување е незрело, неодговорно и срамно, се вели во соопштението.

Од партијата ги повикуваат институциите на системот во најбрз можен рок да го расветлат случајот и виновниците да ги изведат пред лицето на правдата.

– Во таа насока апелираме настанот да не се злопотребува во ниту еден конктекст, со цел поефикасно да се утврди вистинската позадина и откријат сторителите на овој настан, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски