ВМРО-ДПМНЕ: Го охрабруваме Заев да се откаже од уцената

Од:

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев не собра храброст да се огради и да ја отфрли Тиранската Платформа.

Без срам кримининогениот СДСМ отиде до таа крајност велејќи дека ќе дебатираат по прашања кои се од национален и државен интерес, консултирајќи партиски експерти од потписниците на Тиранската Платформа. Дебатата започна да се реализира на дело.

Питер Ванхауте откривајќи ги намерите на аболицираниот Зоран Заев отвори дебата за федерализација на Република Македонија. За оваа скандалозна изјава на Питер Ванхауте, криминогениот СДСМ молчи, како што молчи и за шокантните изјави на албанската пратеничка Месила Дота, која директно се закани на аболицираниот Зоран Заев дека ако тој отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида.

Молчат и кога Зијадин Села, го негираше македонскиот идентитет, велејќи дека пред 100 години Македонци не постоеле на овие простори. Молчат и за скандалозната изјава на Трифун Костовски во која јасно и гласно вели да им се одземе правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да го кажат сопственото мислење и да се борат во заштита на највисоките државни и национални интереси.

Загриженоста и револтот на граѓаните е се поголем токму заради неискреноста на Зоран Заев.

Затоа Зоран Заев треба што е можно поскоро да ја отфрли Тиранската Платформа и да се откаже од реализација на елементите содржани во неа.

ВМРО-ДПМНЕ го охрабрува Зоран Заев уште еднаш да се откаже од уцената. Зоран Заев нека се откаже јасно и гласно од Тиранската Платформа, а ВМРО-ДПМНЕ ќе даде поддршка за малцинска влада. Втората опција која му стои на располагање е да прифати нови парламентарни избори заедно со локалните каде граѓаните ќе може демократски да изберат програма,платформа, вклучително и онаа од Тирана, доколку во неа верува Зоран Заев“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски