ВМРО-ДПМНЕ го одби предлогот на Левица за заштита од отказ на бремените работнички

Од:

Пратениците од власта не гласаа за предлог-измените на Левица, со кои се предвидува заштита од отказ на работничките за време на бременост. Со негласањето за предлог-законот на Левица, ќе продолжи неизвесноста на бремените работнички кои се вработени на определено време – во услови кога државата се соочува со драстично намален наталитет, велат од партијата.

„Во Македонија, и покрај тоа што формално постои забрана за отказ поради бременост, реалноста покажува дека бремените жени, особено оние вработени на определено време, се меѓу најнезаштитените работнички. Газдите масовно ја користат законската празнина со тоа што едноставно не го продолжуваат договорот на определено време, оставајќи ги жените без работа токму во момент кога им е најпотребна сигурност.

Доколку беше усвоен предлогот на Левица, ќе се воведеше автоматска трансформација на договорот на определено во неопределено време во случај на бременост. Ова значи дека бременоста повеќе немаше да биде причина жената да остане без работа по истекот на договорот.

Левица потенцира дека ниедна жена не смее да биде казнета затоа што одлучила да стане мајка. Работничките кои се бремени имаат право на достоинство, здравје и сигурност. Кога бремена жена е приморана да ја крие бременоста од страв од отказ, тоа не е личен проблем – тоа е пораз на општеството. Државата има највисока обврска да ги заштити мајките, бидејќи со тоа ја штити сопствената иднина.

Бидејќи не беа поддржани измените на Левица, апелираме до владејачкото мнозинство да не ја игнорира системската дискриминација со која се соочуваат бремените работнички и итно да иницираат измени кои ќе стави крај на голгототата и неизвесноста која ја преживуваат жените кои одлучиле да станат мајки, нагласуваат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира