ВМРО-ДПМНЕ го честиташе празникот на сесловенските проесветители

Од:

Владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани во Република Македонија им го честита државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.

-Денес е денот кога сите ние со огромна чест и почит го чествуваме делото на словенските просветители и рамно-апостоли браќата Кирил и Методиј. Нивниот лик и дело се неизбришливо врзани не само со културата и историјата на Македонија, туку тие со својата просветителска дејност го задолжиле целиот словенски род и цела Европа.Ние сме горди што сме дел од тој цивилизациски придонес за европската и светска ризница, но истовремено сме свесни дека тоа е обврска нашата култура, традиција, јазик и идентитет да ги сочуваме од секакви премрежија кои ги носи животот, бидејќи тоа го направиле нашите предци, тоа ќе го направиме и ние, пишуваат од владејачката партија.

Нека е вечна славата на сесловенските просветители Кирил и Методиј и нивното дело!

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче