ВМРО-ДПМНЕ го честита државниот празник Илинден

Од:

ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија им го честита државниот празник Илинден.

– Македонија денес ги празнува двата Илиндени, се сеќава на илјадниците паднати херои за слобода, го чествува темелот на кој ја градиме нашата заедничка татковина. Илинден е најсветлиот датум во македонската историја бидејќи е синоним за македонската борба за слобода и македонската државност.

Двата Илиндени, во 1903 година и 1944 година беа темелници на современата слободна македонска држава. Тој идеал и саможртвата на плеадите синови на Македонија и ден денес е жив и како аманет ќе остане да живее. Секој поединец и секоја генерација ја има историската обврска да ја продолжи таа вечна битка за чување и градење на својата татковина како просперитетна, стабилна, суверена држава, стои во честитката на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус