ВМРО-ДПМНЕ: Гласот за Пендаровски е глас за заштита на непотизмот

Од:

„Гласот за Пендаровски е глас за заштита на непотизмот и грабежот на народните пари.

Поддршката за Пендаровски е поддршка да продолжи полнењето на јавната администрација со роднини на функционери, додека млади професионални кадри ја напуштаат земјата.

Гласањето за Пендаровски е глас за Мира Дизел, која си го вработи синот во ЕЛЕМ, кој се уште не си дава отказ. Гласот за Пендаровски е и глас за Милева Георгиева, Костадин Костадинов, Фросина Ременски и другите функционер кои јавната администрација ја гледаат како средство за згрижување на роднини.

ДКСК наместо да чека по изборите, треба сега да го објави извештајот за непотизам и влијанија при вработување.

ДКСК мора да делува веднаш и да се ослободи од стегите на власта.

Граѓаните на 21 април и 5 мај ќе им кажат не на политиките на минатото, на непотизмот, криминалот и корупцијата. Граѓаните ќе му кажат НЕ на Стево Пендаровски“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“