ВМРО-ДПМНЕ: Гласот за Пендаровски е глас за коруптивната шема „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“

Од:

„Стево Пендаровски е ист како Зоран Заев. Глас за Пендаровски е глас за Заев и глас за коруптивната шема по принципот – „едно евро за црквата, едно евро за Вицето“.

Целата македонска јавност го виде Зоран Заев како бара мито од 1 евро по квадратен метар за легализација на земјиште, работа која е должен да ја заврши по сила на закон, а не за истото да бара мито. Самиот Зоран Заев во истото видео кажува дека секој бизнисмен кој легализирал земјиште претходно морал да плати мито.

Криминалната шема на работење од Струмица, Заев ја префрли на ниво на Република Македонија. Оттука глас за Пендаровски е глас за Заев и давање на легитимитет на криминалниот начин на работа.

Глас за Пендаровски е глас за три пати аболицираниот криминалец Зоран Заев. Глас за Пендаровски е глас и одобрување на криминалот со „Глобал“ тежок 8 милиони евра. Глас за Пендаровски е глас за аферата „Поткуп“ и одобрување на целото мито земено од Заев. Глас за Пендаровски е глас за одобрување на референдумскиот поткуп, кој Заев пред камери го призна.

Граѓаните сакаат промени. Граѓаните сакаат крај за криминалниот начин на владеење.

Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за промени. Гласот за Гордана Сиљановска Давкова е глас за право и правдина“; се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ