ВМРО-ДПМНЕ: Ги повикуваме професионалците во МВР, обвинителството и судот да не потклекнуваат на притисоците од СДС

Од:

„СДС продолжува со лицемерната политика која најдобро е опишана во народната поговорка „не ме гледај што правам, слушај ме што зборувам“.

dobivaj vesti na viber

Зоран Заев и СДС најавуваа департизација и деполитизација на институциите додека беа во опозиција, а сега ја претвораат државата во алатка на партијата.

Оливер Спасовски наместо да се повлече од партиските функции и професионално да ја врши функцијата Министер за внатрешни работи, тој е назначен за потпретседател на партијата.

Граѓаните помнат дека во текот на претходните изборни циклуси, СДС го проблематизираше тоа што Гордана Јанкулоска во исто време била и министер за внатрешни работи и партиски функционер и носител на листа во изборна единица, бидејќи не се знаело „што е партија, а што држава“. Сега граѓаните го гледаат лицемерието на дело, односно како неговиот довчерашен генерален секретар станува потпретседател на партијата, додека во исто време е министер во МВР.

Двојните стандарди и лицемерието на Заев се бесконечни. Оливер Спасовски е назначен за потпретседател на СДС, бидејќи треба да ги реализира партиските чистки во МВР и треба да ги елиминира сите професионалци кои изминатиов период работат на случаи против наркодилерите и криминалците блиски до Заев и раководството на СДС.

Ова е само продолжение на обидите на СДС целосно да ги стават под партиска контрола органите на прогон. Првиот чекор беа заканите кон судиите со неуставен реизбор, а вториот иницијативата која ја покрена Зоран Заев за смена на Републичкиот јавен обвинител кој го гони за случајот „Поткуп“.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците во МВР, обвинителството и судот да не потклекнуваат на политичките притисоци од страна на СДС. Тие се должни и одговорни пред граѓаните да постапуваат исклучиво според Уставот и законите, а не според партиските наредби на потпретседателот на СДС или кој било друг партиски функционер“, изјави Драган Данев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Аферата Броило е шема која покажува како Димитар Ковачевски и неговиот кум здружени во Соларен Картел свртеле 26 милиони евра

Ана Ололовска

Мицкоски: Жалам што премиерот и министрите во вакви важни моменти за Македонија, не можат да ја надминат својата суета и да се стават на страната на граѓаните

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Денес граѓаните ќе дознаат кои се кризните профитери во Македонија

Ана Ололовска

Трипуновски до Димковски: Мерките ви се неефикасни и популистички

Ана Ололовска

Ковачки: Постојат индиции и за други функционери од извршната власт СДС за дезертерство

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Ковачки: Ковачевски доброволно да дозволи неговата деловна способност да биде утврдена од страна на надлежен суд

Ана Ололовска