ВМРО-ДПМНЕ ги повика менаџерите на здравствените институции да не ги потпишуваат догoворите за стерилизација

Од:

Дали со договорот кој што ве тераат да го потпишете и ве уценуваат, за да си ги зачувате работните места, буџетот кој се троши за стерилизација во јавните здравствени установи ќе биде 10 пати поголем од оној што се троши до сега – им се обрати на организациските и на медицинските директори, претседателот на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Николов.

„Кои се предностите од овој договор за стерилизација, има ли воопшто предности? Ги знаете ли деталите на договорот? На годишно ниво за една болница во Македонија тоа би изгледало отприлика вака. Доколку таа во 2020 година трошела три милиони и двесте илјади денари, според новиот договор истата болница ќе троши 76 милиони денари годишно. Можеби најважен дел, од ова криминално јавно-приватно партнерство, е што Фондот за здравствено осигурување, предвидено е да одобрува условен буџет за секоја јавна здравствена установа. Со истиот ексклузивно ќе се плаќаат услугите на приватниот партнер. Со ова практично ќе му се овозможува редовна и непречена наплата на приватниот партнер, но, не и на останатите компании. Со ова останатите економски оператори кои испорачуваат стоки и услуги за клиниките, се ставаат во подредена и крајно неповолна положба“ – рече Николов.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

Филипче: Со црна кампања ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби за лошиот резултат кој ги очекува

Горан Наумовски

Филипче: Додека се боревме со три кризи ги решававме и стратешките прашања

Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000

Предраг Петровиќ

Вработените во здравството ќе протестираат на 8 април, нема да добијат усогласување со минималната плата