Мисердовска: СДС и Венко Филипче на Чучер Сандево, гледаат како на свој партиски бунар за црпење пари, затоа и како свој кандидат за градоначалник повторно го предлагаат Сашко Комненовиќ

Од:

СДС и Венко Филипче на Чучер Сандево гледаат како на свој партиски бунар за црпење пари, затоа и како свој кандидат за градоначалник повторно го предлагаат Сашко Комненовиќ, тендераш со искуство.

Со години Комненовиќ ја упропастува Чучер Сандево, а од буџетот на општината завршуваат милиони на сметка на фирмата Компанија Димовски, блиска до СДС.

Комненовиќ кога прави тендерска документација за изведба на градежни работи, не бара фирма изведувач, туку ја скицира Компанија Димовски. Па така тендерските документации опфаќаат машини и опрема кои не се потребни за извршување на дадената работа, но ги поседува Компанијата Димовски, исклучувајќи при тоа секаква конкуренција.

Така без конкуренција омилената фирма на Комненовиќ добива дупло повеќе пари за иста градежна активност, која во друга општина чини 2 пати помалку.

Имено, игралиште во Бразда со пластична подлога изградено од Компанија Димовски чини 4.7 милиони денари. А истото игралиште во Бутел со исти димензии и иста подлога чини 2.2 милиони денара.

Игралиште во Мирковци од околу 800 м2 е платено за 8.7 милиони денари, додека во соседната општина игралиште од 1450 м2 е изградено за 9 милиони денари.

Оваа фирма е истата која врши и зимско одржување на патиштата, и исто како и на тендерите за изградба, се скицира буквално се што омилената фирма на градоначалникот има.

Замислете колку пари за изминативе 4 години наместо во нови проекти заминале во џебовите на Компанијата Димовски.

СДС и Венко Филипче сакаат преку Комненовиќ да продолжат да крадат од Чучер Сандево и во наредните 4 години. Тоа нема да им го дозволиме, рече на прес конференција Маја Мисердовска, советничка во Советот на Општина Чучер Сандево.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

Девет пријави за семејно насилство во последното деноноќие, седум лица лишени од слобода

Два активни пожари на територија на државата, осум изгаснати

МВР: Лишени 16 возачи од слобода, 14 возеле без возачка дозвола, меѓу кои двајца малолетници

Предраг Петровиќ

Новиот закон е „политички популизам“ – остава без работа 10.000 луѓе, отвора врата за црниот пазар, а државата ја соочува со потенцијални загуби од над една милијарда евра

Македонски државјанин е обвинет за убиство со умисла на 45-годишната жена на Крит

Предраг Петровиќ