ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите се богатат, а граѓаните се потешко врзуваат крај со крај

Од:

„Година ипол по доаѓањето на власт на Заев, граѓаните живеат полошо. Владата ги ограбува граѓаните, функционерите се богатат, а тие се потешко врзуваат крај со крај.

Горивата денес повторно поскапуваат. Ако пред две години граѓаните можеле да наполнат резервоар со 2.000 денари, сега за истото количество гориво им се потребни 2.900 денари.

Тоа за граѓаните значи зголемување на трошоците од 30%, а платите не мрдаат.

Овие рекордни цени на горивата се должат и на зголемувањето на акцизите. Тоа е одлука која ја донесе Заев само за да обезбеди дополнителни средства за расипништвото на криминалниот картел.

За да го покријат криминалот и алчноста, владата денес се задолжува за нови 32 милиони евра. Капитални инвестиции нема. Тие се на рекордно ниско ниво од 16,6 проценти за првите шест месеци од годинава. Ова задолжување им треба единствено за да си го покријат луксузот и криминалните тендери.

Комарџијата Заев игра на само една карта. Сиот овој криминал да го покрие со продажба на највисоките дрзавни и национални интереси.

Македонија на референдумот кажа едно големо НЕ на политиките на СДСМ. Македонските граѓани кажаа НЕ на криминалите на власта, наместените тендери, уништената економија, кажаа НЕ на немањето на проекти во здравството, во образованието. Пораката е испратена, граѓаните се свесни дека СДСМ не може да им го донесе ветениот живот.

Граѓаните во огормно мнозинство кажаа дека се против промената на името, Уставот, идентитетот, јазикот и откажувањето од своите сонародници во соседството. Народот е свесен дека оваа власт нема да им донесе подобро утро. Народот потврди дека сака Македонија да победи!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче