ВМРО-ДПМНЕ: Функционерите на владата на Заев земаат плата и како советници

Од:

„Функционерите на владата на Зоран Заев малку им е функционерската плата па се дрзнаа да земаат плата и како советници.

Огромен скандал е што државниот секретар во министерството за здравство и претседател на општинската организација на СДС во Штип, Владимир Милошев освен тоа што земал плата за функцијата која што е поставен си се поставил и за советник на министерот за дополнителен хонорар.

Овој случај не е единствен, според документите што се појавија по медиумите, јасно се гледа дека и одредени советници, во исто време се и советници и членуваат во разни комисии и управни одбори, каде земаат уште по една плата.

Во игра се илјадници денари кои се одлеваат од државната каса во приватните џебови на функционерите на СДС.

Потребна е одговорност. Бараме освен откажување од дуплите функции кои ги имаат да ги вратат во буџетот и дуплите плати кои ги земале. Потребна е одговорност.

Овој безобразлук мора да престане. Парите што ги расфрла владата на СДС не се во нивна сопственост тие пари се на граѓаните на Република Македонија. Одговорност поради ова мора да има и ќе има. Ваквиот криминален и насилнички начин на делување ќе заврши на 15-ти октомври“, изјави Марија Андоновска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните