ВМРО-ДПМНЕ: Францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски поради што треба да си даде оставка веднаш

Од:

„Падна бугарската влада, треба да падне и владата на Ковачевски во Македонија. Францускиот предлог од тоа што беше пренесено во медиумите е целосно фијаско и остварување на сите бугарски барања без било какви гаранции за Македонија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да молчи Ковачевски треба веднаш да излезе и да го отфрли предлогот кој беше презентиран од медиумите.

Зошто молк и дали молкот значи согласност на СДСМ и Ковачевски со капитулацијата која и се спрема на Македонија.

Дали СДСМ ќе прифати тивка бугаризација или целосно отфрлање на Македонија од процесот на евроинтеграции?

СДСМ прави идентитетски удар врз постоењето на народот, државата и идентитетот.

Францускиот предлог е уцена и целосно фијаско на Ковачевски поради што треба да си даде оставка веднаш“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ