ВМРО-ДПМНЕ: Фирмите на фамилијата Заеви не смееле да добијат тендери од општината

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во писмената реакција на денешната прес-конференција на претседателот на СДСМ, Зоран Заев оценува дека таа е врв на политичка дрскост и ароганција.

– Ниту ВМРО-ДПМНЕ, ниту било кој друг во Република Македонија има проблем што во Струмица добивале тендери стотина други фирми. Според законите секоја фирма, без разлика дали е од Струмица, од Македонија или надвор од Македонија, има право да конкурира и да добива јавни набавки во Струмица, но не и фирмите од најтесното семејство на Зоран Заев и нивните бизнис ортаци. Ние немаме против било која фирма да добие јавна набавка во Струмица, но имаме против кога фирмите од неговата фамилија, спротивно на законските норми за спречување на судир на интереси и непотизам, добивале јавни набавки во општината во која тој е градоначалник, се вели во реакцијата.

ВМРО-ДПМНЕ наведува дека се работи за десетина примери во кои фирмите од семејството Заеви добивале јавни набавки во Струмица.

– Станува збор за огромни средства и за огромен број на примери. Заев ја користел Општина Струмица за да го поддржува својот бизнис и бизнисот на својата фамилија, истакнува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски