ВМРО-ДПМНЕ: Финансиерот на фашистичките клубови, главен гостин кај СДС во влада

Од:

„Милен Врабевски, за кој медиумите пишуваат дека е главен финансиер на фашистичките клубови Ванчо Михајлов и Цар Борис беше главен гостин во владата на Заев. Луѓе околу Заев се луѓето кои ги отвораат фашистичките клубови, тоа и самиот Заев го има кажано јавно на бугарска телевизија“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали СДС ќе се огради од Заев, зошто ако не се оградат, тие се само продолжување на неговата политика, која гледаме дека верно ја следат.

СДС на дезертерот Ковачевски практично овозможи да се отворат фашистички клубови, и не презема ништо да го спречи нивното отворање.

ВМРО-ДПМНЕ преку законски измени ќе делува да се променат имињата на клубовите, и да не може клубови со фашистички имиња да се отвораат во иднина“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ