ВМРО-ДПМНЕ: Филипче закопа 39 граѓани за еден ден, а Заев во кризна состојба оди на избори, одговорност мора да има

Од:

Зоран Заев прогласи кризна состојба на целата територија на државава, а Венко Филипче закопа 39 лица за едно деноноќие. И додека прогласија кризна состојба која ќе трае 30 дена, Заев, а и Филипче со него ќе тераат избори во Штип и Пласница. А само во Штип за последното денононоќие има 32 нови случаи на корона вирус – велат од ВМРО-ДПМНЕ во партиското соопштение рано утрово.

„Што направија Филипче и Заев? Закопаа 1426 граѓани од почеток на кризата, наместо живот спремаат избори во кризна состојба, подготвуваат корона кланица. Филипче ја стави Македонија на врвот на регионалната листа по починати лица од корона вирусот. Филипче ја стави Македонија на загрижувачко трето место од 22 земји од европскиот континент во процентот на смртни случаи од бројот на заразени граѓани. Последнава недела во земјава умирал по еден човек на секој саат време. Време е за одговорност, починатите не се само бројка, тоа се мајки, татковци, браќа, сестри. Филипче, оставка веднаш“ – порачуваат од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал