ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев ги затворија пунктовите за вакцини и тестови за корона за време на празници, ги оставија болните да плаќаат се од свој џеб

Од:

„Бројката на болни од корона се движи кон 10.000 лица. Бројката на починати надмина 8.000 лица. Венко Филипче и Зоран Заев ќе бидат запаметени по негативни рекорди. Македонија е високо петто место на светската листа на починати, а во Европа е на четврто“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„И наместо организација и одговор на зголемениот број на корона позитивни, Филипче и Заев ги затворија вакциналните пунктови, но и оние за тестирање, па граѓаните се приморани од свој џеб да ги плаќаат тестовите по приватни лаборатории. Или џабе одвојуваат од својот џеб за здравствено осигурување. Плаќаат тестови, плаќаат тестови, а плаќаат и за лекување.

Само за овие три празнични дена има околу 3.000 заболени. Јасно е интересот на Филипче и Заев беше само за нивните бизнис интереси, односно корупција и криминал.

Тешко дека и Димитар Ковачевски и неговиот тим ќе направат нешто поинаку, нешто за граѓаните.

За соодветна грижа за граѓаните треба план и негова реализација. За тоа треба избори и нова влада, а по изборите сите што ги заборавија граѓаните и се грижеа само за личните интереси, корупција и криминал ќе одговараат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ