ВМРО-ДПМНЕ: Филипче глуми загрижен министер, а на митинзи не си ги почитува сопствените протоколи

Од:

„Филипче глуми загрижен министер, а на митинзи не си ги почитува сопствените протоколи. Филипче преку ден глуми загриженост и апелира на почитување на мерките, а навечер оди по партиски митинзи и не ги почитува сопствените мерки“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека на митинг на СДСМ, ниту Венко Филипче ниту луѓето околу него не носат маска, ниту држат дистанца како што самиот тој преку ден како министер бара.

„Филипче нека им каже на граѓаните, кога да го слушаат на сабајле кога вели дека на митинзи треба да се оди со маска, или навечер кога и самиот не носи маска и не држи дистанца?

Филипче ги крши мерките кои сам ги пропишува од почетокот на пандемијата. Додека сите беа затворени тој возеше мотор со Заев, тоа е таа ароганција на СДСМ со што го потценуваат народот“, се додава во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ