ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да си поднесе оставка, тој е без кредибилитет

Од:

„За СДСМ здравството претставува само приватен бизнис и ништо друго.

За СДСМ не се важни здравјето и животите на граѓаните туку само наместените тендери.

Низата на афери не допреа со совеста на функционерите на СДСМ. Министерот за здравство Венко Филипче безобзирно ги искористува сите можности да дојде до повеќе пари од буџетот кој е предвиден за лекови за граѓаните.

Филипче да си поднесе оставка. Тој е без кредибилитет.

Со 35 милиони евра ќе можеше да се решат многу проблеми во здравството, но тие пари беа наменети само за еден, фирма за кој постојат сомневања дека e блиска до врвот на Власта.

Директорката на клиниката за хематологија доделила тендер тежок 3 милиони евра на сопствената фамилија. Имено директорката на Клиниката за хематологија Ирина Пановска Ставридис е ќерка на Златко Пановски, сопственикот на веледрогеријата која го доби овој тендер.

Последен но не и најмалку опасен е скандалот со инсулинот кој според сомневањата е со краток рок и не може да се користи повеќе недели. Доколку ова е точно тоа e животно загрозувачки за пациентите кои очајно им треба инсулин.

СДСМ својата инвентивност на ја користи за да најде решение за проблемите на граѓаните туку наоѓа начини како да ги испумпа парите од буџетот само за да ги добие фирма блиска до нивната врхушка.

Во ова лудило на секојдневни афери со наместени тендери не заостанува ниту вицепремиерот Коче Анѓушев.

Неговите фирми се најдоа меѓу добитниците на грантовите од фондот за иновации, доби тендер за поцинкувана жица вреден 40000 евра, сe изгласа царинско олеснување за увоз на акомулатори какви само неговите фирми користат, и ред други афери на кои очигледно им нема крај.

Криминалната Влада на СДСМ мора да сноси одговорност за сите афери каде ги цица парите на граѓаните.

Многу брзо ќе дојде денот кога ќе одговараат.

Република Македонија и граѓаните ќе победат!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС