ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане да работи за бугарските интереси поради неговите бонбона бизниси, туку да работи за македонските интереси

Од:

Венко Филипче со новата резолуција сака да си отвори пат за правење на бонбона бизнис зделки со неговиот гуру Зоран Заев, на штета на македонскиот народ.

Филипче покажа и докажа дека за него се важни само личните интереси, по цена дури и да го понижи македонскиот идентитет.

Да потсетиме, Филипче ја формираше фирмата Пауер АИ8 ЛТД (POWER i8 Ltd) и истата ја регистрираше на адреса со фирмите на Заеви, меѓу кои и Гомасидра, каде завршија 9 милиони евра од јагленот за РЕК Битола.

Потоа, ова криминално дуо, откако ги сврте овие 9 милиони евра, си отвори фирма во Дојран за производство на фотоволтаици. Прав бонбона бизнис.

Филипче и Заев со својата соработка за бонбона бизнис интереси во Бугарија, се спремни да го докрајчат македонскиот народ, кој и онака изминативе години пропати баш поради нивните политики.

Затоа Филипче да престане да работи за бугарските интереси поради неговите бонбона бизниси, туку да работи за македонските интереси.

Бонбона бизнисите не се вредни за Филипче да го предаде македонскиот народ и неговиот идентитет.

Граѓаните се мудри и не ги поддржуваат неговите политики. Затоа на овие избори, граѓаните ќе го направат вистинскиот избор, со заокружување на бројот 9, за горда Македонија, се наведува во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

МВР го расчисти денешното убиство во Охрид, уапсен 53 годишен жител на Брвеница

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Данците не се баук: Македонија има 0-0 на полувреме во Копенхаген