ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да поднесе оставка поради лошото менаџирање со здравството за време на пандемијата

Од:

„Се повеќе е јасно дека министерот за здравство Венко Филипче и Комисијата за заразни болести, не знаат во кој правец се движи Република Македонија во однос на пандемијата, која деновиве се повеќе зема замав и бележи огромен пораст на новозаболени.

На почетокот на пандемијата Венко Филипче прогнозираше бројка која одамна е надмината и веќе државата е влезена во огромен здравствен колапс.

За лошата ситуација во јавното здравство говори фактот што веќе неколку инфектолози и медицински сестри ги напуштија работните места во јавното здравство и заминаа да работат во приватни болници, поради тоа што веќе долг период се соочуваат со реален проблем кој министерот Филипче упорно вели дека не постои, а тоа се лошите услови за работа и недоволната заштита која е неопходна во време на ваква пандемија“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Венко Филипче преку смирени прес конференции пробуваше долг период да ги манипулира граѓаните и преку популистички мерки да ги уверува дека ситуацијата е стабилна, за денес да бидеме сведоци на речиси 20100 вкупно заболени изминатите месеци и за жал речиси 800 смртни случаи. Ова се податоци кои нималку не даваат надеж, ниту пак се показател дека ситуацијата е под контрола и дека Венко Филипче знае што прави.

Инаку, вчера повторно беше забележан висок процент на новозаболени. Вкупно биле направени 778 тестови, од кои 177 позитивни.

За ваквото лошо менаџирање со јавното здравство во ваква пандемија, некој треба да сноси одговорност. Изгубени се многу човечки животи, а за жал бројките на новозаболени изминатите неколку дена се движат околу 400 во само 24 часа и ветуваат подобра слика во наредниот период.

Чесно е да се признаат грешките и за истите да се сноси одговорност, а доколку министерот Филипче смета дека не ја организира работата како што треба, коректно е да поднесе оставка и да побара помош од здравствени работници кои имаат идеја како понатака, се со цел намалување на бројките кои секојдневно ја разбрануваат јавноста и ги држат во неизвесност луѓето кои поради немањето визија на одговорните, трпат за леб и не знаат до кога ќе трае здравствената, а со тоа и економската криза.

Македонските граѓани не смеат да бидат оставени на цедило поради личните суети на Филипче и членовите на Комисијата за заразни болести“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски