ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да поднесе оставка поради хаосот кој го создаде со епидемијата со морбили

Од:

„Венко Филипче треба да си поднесе оставка поради хаосот кој го создаде со епидемијата со морбили и вакцинирањето.

Првин креираше паника манипулирајќи ги граѓаните дека ќе има подобри вакцини, ако на референдумот гласаат за промена на името, а потоа и со лажното вакцинирање на неговата внука, но и скандалот со вакцините во изминатиот рок.

Власта е виновна за хаосот во здравството. Додека беа опозиција креираа кампања против вакцинирањето, со која внесоа хаос и страв кај населението, за сега да не можат да ги санираат последиците од штетите кои сами ги направија.

Филипче не знаеше како да го покрие срамот со вакцините со изминат рок кои беа пуштени во употреба и недовербата кои сами ја креираа, па тргна во злоупотреба на својата малолетна внука со цел политичка измама на граѓаните, за по неколку недели и сам да ја признае измамата.

СДСМ и Филипче го урнисаа здравството и нанесоа голема штета на здравствениот систем.

Граѓаните заслужуваат квалитетно здравство, тоа е обврска на власта и компромис за тоа нема и не може да има.

СДСМ и Филипче не можат да го водат здравството. Филипче и СДСМ мора да си заминат. Црнилата мора да си заминат. Зората мора да изгрее“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски