ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да одговори зошто терапијата за корона што ја добиваат во приватните болници пациентите не ја добиваат во државното здравство

Од:

„И по девет месеци од корона кризата Филипче никако да се свести што се случува. Заклучно со вчерашната статистика на министерството за здравство 1238 семејства се завиени во црно.

Свесен ли е Филипче дека тоа не е само бројка, станува збор за човечки животи. Црните рекорди на Филипче на ставија Македонија, во последниве две недели на високото петто место од вкупно 33 европски држави по стапката на смртност од КОВИД – 19 на 100 илјади жители“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„На неспособниот Филипче во фокусот му се неговите бизниси и бизнисите на Заев кој ја предводи владата. Во меѓувреме за граѓаните нема терапија, нема услови за лечење.

Прашуваме зошто на заболените во јавните здравствени установи не им се дава терапија која ја има на приватните клиники за пари? Прашуваме зошто граѓаните собираат донации на Фејсбук за да се лекуваат во приватна клиника? Филипче девет месеци нема одговори за ништо.

Токму затоа Филипче треба да замине од министерската функција. Филипче време е за одговорност!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му