ВМРО-ДПМНЕ: Фарса е реакцијата на Ковачевски за клубот Ванчо Михајлов, знаел дека Петков ќе дојде на отворање

Од:

Фарса е реакцијата на Ковачевски за клубот Ванчо Михајлов, тој знаел дека Петков ќе дојде на отворање и дозволил негово регистрирање.Власта дозволила регистрација на клубот Ванчо Михајлов реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Ковачевски и Османи знаеле и дозволиле Петков и целиот бугарски државен врв да дојде на отворање на клубот, и не реагирале однапред, туку по 3 дена, откако јавноста го осуди чинот, кој е најголем вид на провокација глумат загриженост и осудуваат. Ако Ковачевски го мисли тоа што сега го кажува во однапред снимено видео, тој тоа требаше да го каже пред доаѓањето на Петков, но и да не дозволи отворање на клуб со такво име. Ковачевски и СДСМ оставија целиот настан да помине, со надеж дека јавноста ќе премолчи. Ковачевски наместо да се крие зад однапред снимени видеа да излезе пред јавноста и да каже дали и кога ќе побара гаранции за македонскиот јазик, идентитет и историја од меѓународната заедница, во очи на се поизразените тенденции на фашизам се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела