ВМРО-ДПМНЕ: Фала Србија, ама Заев и Филипче остануваат да бидат најнеспособните политичари во регионот и пошироко

Од:

„Тоа што Србија одлучи да донира вакцини против корона за граѓаните во Македонија не ја покрива неспособноста на Филипче и Заев.

Фактот е еден дека тие не можат да обезбедат вакцини за граѓаните на македонија.

Факт е дека двајцата само просат за вакцини кај стигнат. Требаше да има вакцини од Бугарија, од Грција, еве само Србија се смилува за првите 4680 дози. Требаше да има КОВАКС, од директни договори…Се уште ништо нема“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„И вакцини, од оние кои се донација од Србија, ќе има за медицинските лица на првата борбена линија со короната, ама кој знае до кога ќе нема за останатите. Каде се останатите медицински лица, оние кои исто се првите борбени редови.

Ако САД и претставници на Европската унија работат на договори за вакцини уште од лани од август тоа значи дека Филипче и Заев требаше уште многу порано да испланираат од каде и како ќе набавуваат вакцини.

Очигледно приоритет им се само провизиите, а не здарвјето на граѓаните.

И додека тие се грижат за провизиите Македонија се уште ја нема на листите каде се брои колку граѓани од една држава се вакцинирани.

Македонија повторно е црна дупка и во светот и во Европа. За ова одговорност мора да има!“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус