ВМРО-ДПМНЕ: Европскиот пат го блокираше СДС и Ковачевски, преземаа обврски, без да имаат можност да испорачаат

Од:

„Европскиот пат го блокираше СДС и Ковачевски, преземаа обврски, без да имаат можност да испорачаат. СДС и Ковачевски знаеја дека немаат 2/3 мнозинство во Собранието за промена на Уставот, и покрај тоа прифатија обврски за државата, тие беа свесни дека не можат да испорачаат, но свесно ја заглавија Македонија, само за да се сликаат еднаш и да кажат дека нешто направиле“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„СДС и Ковачевски немаат мандат за промена на Уставот, бидејќи граѓаните, ниту ним, ниту на било која друга политичка партија во парламентот не дале мандат за такво нешто.

Не може да се носат стратешки одлуки за државата, кои ќе имаат национални последици, без за тоа да се праша народот.

СДС и Ковачевски знаеја дека ќе ја донесат државата во ќорсокак. Зошто го направија тоа треба самите да кажат.

Единствен излез се предвремени парламентарни избори, на кои доколку се уверени во исправноста на своите политики за промена на Уставот нека настапат со истите како главно изборно ветување. СДС знаат дека народот нема да ги поддржи и затоа и бегаат од избори.

Ковачевски нема каде веќе да се крие, и пратеници од неговата партија се за избори, единствена пречка е неговата суета и политичка кариера, која знае дека ќе заврши во 21 часот на денот на гласање, зошто ќе освои најмал број гласови кои СДС некогаш ги освоил“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ