ВМРО-ДПМНЕ: Европската Унија експресно го демантираше предавникот Ковачевски дека македонскиот јазикот е загарантиран

Од:

„Како кула од карти им се сруши лага на предавниците од власта за заштита на идентитетот и македонскиот јазик. Ни 24 часа не траеја аплаузите на предавниците од СДСМ и нивната коалиција во Собранието за некаква си заштита на македонскиот јазик“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„ЕУ експресно ги демантираше лагите на предавниците Ковачевски, Османи и Маричиќ. Вчера од портпаролката на Европската комисија јасно и недвосмислено слушна македонската јавност, дека македонскиот јазик не е заштитен и загарантиран.

Откако таа беше запрашана во врска со македонскиот јазик, портпаролката на ЕУ истакна дека во Македонија се зборува „јазикот користен од луѓето во Македонија“.

Никаде не беше користено македонски јазик, туку јазикот кои го користат граѓаните на Македонија.

Повторно срам и понижување на државата со асимилаторскиот договор кој оваа ненародна власт сака да го протне.

За сите предавства кои ги прават Ковачевски и власта ќе има одговорност и ќе одговараат за велепредавство“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски