ВМРО-ДПМНЕ: Есенскиот бран на заболени од Ковид удри врз граѓаните

Од:

„Пола милион евра за магариња и фризерници, милиони за тендери, барем дел од тие пари кои СДСМ ги дели на своите послушници да завршеа во здравството сега немаше да сведочиме на најголемата бројка на заразени од КОВИД до сега.

Вчера заради неспособноста и негрижата на СДСМ до сега бројот на заболени од КОВИД се искачи на скоро 600 лица.

600 луѓе, тоа се 600 лица со име и презиме, луѓе со семејства кои се жртва на вирусот затоа што власта која требаше да донесе стратегија да го намали неговото ширење 6 месеци ништо не прави“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите болници низ државата се преполни, а СДСМ, Заев и Филипче го преспаа цело лето и не оспособија нови болнички капацитети, иако знаеја дека доаѓа уште поголем есенски бран на заболени од КОВИД.

Есенскиот бран на заболени од Ковид удри врз граѓаните, а Заев и Филипче уште немаат набавени ниту вакцини против сезонски грип, иако тој чука на врата.

На ризик се најстарите и хроничните болни, тие немаат вакцина која им е насушно потребна.

Заев и Филипче се однесуваат како да се изненадени од есенскиот бран на КОВИД.

Заев и Филипче само бројат заболени и мртви, како статистичари. Со Заев и Филипче само тонеме“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ