ВМРО-ДПМНЕ: Ем дезертирал од служење војска, ем трајно неспособен со тапија, како Ковачевски добил и поседува уште безбедносен сертификат?!

Од:

„Надлежните молчат како дезертерот Ковачевски стекнал и се’ уште има безбедносен сертификат за пристап до државни тајни кога има документ дека е трајно неспособен“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Согласно член 4 точки 11 и 13 од Уредбата за безбедност на лица корисници на класифицирани информации пречка за стекнување на безбедносен сертификат е демонстрирање на нечесност, нелојалност, недоверливост, како и доколку истото лице страдало од болест која може да биде пречка во неговото расудување.

Дезертерот Ковачевски со овој скандал покажа дека лаже, еднаш вика дека не служел воен рок затоа што бил на школување, втор пат кога се правда со наводни хируршки зафати. Тоа е основа за недоверливост кон него.

Дезертерот Ковачевски избегнал воен рок како обврска кон државата, што е практично демонстрирање на нелојалност.

Дезертерот Ковачевски приложил документ за ТРАЈНА НЕСПОСОБНОСТ, што отвора сомнежи за пречки за неговото здраво расудување.

Како во ваква ситуација тој стекнал и се уште поседува безбедносен сертификат за пристап до државни тајни“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски