ВМРО-ДПМНЕ: Ефикасна јавна администрација во интерес на граѓаните

Од:

Нашата цел е да изградиме систем на јавна администрација кој ќе биде целосен и ефективен сервис во интерес на граѓаните, истакна денеска на прес-конференција заменик-министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска Томовска.

Според неа, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжила со реформата на јавната администрација со креирање политики во областа на управувањето со човечките ресурси. Изработени се,укажа, и подзаконски акти за законите за вработените во јавниот сектор и за административни службеници.

– Дополнително, забрзано работиме на подготовката на Каталогот на работни места, единствената систематизирана листа со описи на сите работни места во јавниот сектор, но и на Регистарот на вработени во јавниот сектор, како единствена евиденција на сите вработени во јавниот сектор. Ваквиот Регистар ќе биде дел од интегрираниот електронски систем за управување со човечки ресурси во јавната администрација, еден од најкомплексните и најобемните системи имплементирани во државните и во јавните институции, рече заменик-министерката за информатичко општество и администрација.

Таа информира дека воведувањето на задолжителна функционална анализа како алатка за унапредување на организациска структура, оптимизација на работните процеси и подобрување на институционалната ефикасност, во иднина ќе биде и една од законски утврдените обврски на институциите на јавниот сектор.

– Во оваа насока, би сакала да ве информирам дека една од институциите кои беа формирани минатата година, Инспекцискиот совет, почна со активна работа. Советот подготви анализа за техничката, просторната и кадровската екипираност на инспекторатите и инспекциските служби. Во тек е подготовка проектна документација за електронскиот систем, т.н е-инспекторати, кои ќе претставува централно решение за водење на предметите од инспекцискиот надзор со примена на бар кодови, како и координација инспекциските надзори, рече Арсовска Томовска.

Во тек се, додаде, активности за воспоставување едношалтерски центар каде на едно место ќе може да се добијат услуги од повеќе државни институции, како и воспоставување повикувачки (кол-центар) за координација на размената на документи меѓу институциите, како и модернизација и проширување на постоечкиот систем за интероперабилност, со што ќе се овозможи електронска размена на податоци за 34 државни институции.

– Ќе продолжи надградба на системот за онлајн наплата на административни и други такси и надоместоци со помош на платежни картички. Платежниот портал ќе биде интегриран со интерните системи на институциите а ќе биде зголемен и бројот на услуги за кои надоместоци ќе се плаќаат преку мобилен телефон, најави заменик-министерката за информатичко општество и администрација.

Според неа, Владата продолжува со посветена работа и развој на информатичкото општество, како еден од најважните фактори за зголемување на македонската конкурентност. – За повисоко ниво на заштита на потрошувачите на почетокот на оваа недела во Будва е потпишана Спогодба за намалување на цените на услугите во роаминг во јавните мобилни комуникациски мрежи. Со тоа отворивме пат, нашите граѓани поевтино да разговараат, да комуницираат преку СМС пораки и да користат Интернет додека патуваат во соседните земји, и тоа во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, а наскоро очекуваме да се приклучат и Албанија и Турција, рече Марта Арсовска.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски