ВМРО-ДПМНЕ: Едностраната изјава за јазикот дадена од МНР е негација на македонскиот јазик и предавство на нацијата

Од:

„Едностраната изјава за јазикот дадена од МНР е негација на македонскиот јазик и предавство на нацијата. Изјавата дека македонскиот јазик е јазик кој се заснова на територијата на денешна Република Македонија е груб фалсификат на научната вистина“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонскиот јазик е јазик кој се заснова и на неговите дијалекти кои се простираат и надвор од Република Македонија. Ова е став на официјалната наука и како таков македонскиот јазик е признаен и од ОН.

Дијалектното простирање на македонскиот јазик ги надминува државните граници.

Македонскиот јазик е жив јазик и тој се проучува на голем број филолошки катедри низ светот. Власта со ваквата изјава го негира и сака да ја изврти научната вистина.

Дополнително историјата на македонскиот јазик не почнува од 1944 година, кога е кодифициран, туку многу пред тоа. Tоа не го кажува ВМРО-ДПМНЕ тоа е наука и становиште на науката кое е докажано.

За овие предавства ќе има одговорност. Ковачевски ќе одговара за носењето на државата во подредена положба“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски