ВМРО-ДПМНЕ: Еднаш лажго, секогаш лажго, еднаш дезертер, секогаш дезертер-тоа е Ковачевски

Од:

„Откако беше фатен во лага дезертерот Ковачевски никаде го нема да појасни кога лажеше, дали кога велеше дека војска не отслужил заради школувањето, или кога велеше дека војска не служел поради хируршки зафат? Или и во двата случаи. Единствено постои тапија дека не бил во војска затоа што е ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН. Тоа впрочем најдобро го опишува и Ковачевски и успесите на неговата Влада“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто е потребата на Ковачевски да ја лаже јавноста, освен ако не сака да сокрие нешто. Дали приказните за хируршки зафати се замајување од вистината дека дезертирал, дека го избегнал повикот да и служи на државата и дека во 2001 година кога илјадници се одзваа на повикот на државата тој трчал по медицински белешки и оправдувања.Фатен во малверзации сега се вади на воени тајни, државни тајни, лажно морализира, измислува нови лаги и што ли уште не. Но така само уште повеќе се закопува.

Еднаш лажго секогаш лажго. Еднаш дезертер секогаш дезертер. Тоа е Ковачевски“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски