ВМРО-ДПМНЕ: Единствените реформи на власта се криминалните тендери, непотизмот, злоупотребата на институциите

Од:

„Единствените реформи кои одродената и криминогена власт ги реализираше во овие неполни две години се криминалните тендери, непотизмот, злоупотребата на институциите и општиот грабеж на народните пари.

Реформите за оваа влада се само мртво слово на хартија. Половина мандат им помина, а од извештајот на Прибе не е остварена ниту една значителна реформа. Довербата на граѓаните во институциите е се помала, а Македонија тоне на листите на корупција.

Целата неспособност и неодговорност која што ја демонстрираа јасно покажува дека оваа влада не е реформска, туку е анти-реформска. Македонија е заложник на криминалниот картел на власта кој секој ден го гледа како нова можност да додели тендер за некоја семејна фирма на висок владин функционер, да додели грант или да вработи некој нивни близок роднина во државна институција за висок хонорар.

Впрочем оваа Влада нема апсолутно никаков капацитет да овозможи приближување до европските стандарди, затоа што под европски вредности не се подразбира доделување на тендери на фирмите на вицепремиерот, доделување на концесии на братот на премиерот, сомнителни зделки во здравството, образованието и секој сегмент во државата. Реформите во правосудството ги води Зоран Заев, единствениот политичар аболиран за тешки криминали.

Оваа влада предводена од Заев е канцер кој ја зафати целата држава. Заради арамилакот тоне економијата, а тоа го покриваат со зголемување на даноците или нови задолжувања на грбот на се посиромашните граѓани.

На граѓаните им останува само својот гол живот да го сочуваат, но и тоа им е се потешко бидејќи убиствата станаа секојдневие, по улиците хараат криминалците кои се пуштени од затворите, а рекетот и насилството ги полнат страниците на црната хроника“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на брифингот на Владата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер