ВМРО-ДПМНЕ: Единствениот земјотрес кој здравството го претрпело беше СДСМ

Од:

„После тој земјотрес во здравството се изградија многу нови болници, поликлиники, амбуланти кои не постоеа во време на СДСМ бидејќи министрите на СДСМ купуваа ѓердани наместо да се грижат за здравството.

Покрај бисерите и ѓерданите, беа зафатени и со бизнис инкубаторот за продажба на стентови под маса воден од високи партиски функционери, па немаа време ниту да заковаат една единствена шајка, ниту да молерисаат една амбуланта во општина Ѓорче Петров.

За разлика од нив, владата на ВМРО-ДПМНЕ води подеднакво внимание на објектите од здравството низ целата држава.

Еве дел од активностите на Министерството за здравство во рамките на Поликлиника Ѓорче Петров во изминатиов период:

– Повторно отврање инсулинска аптека
– Кабинет за мамографија и ехо на дојка
– Отворен е истурен шалтер на ФЗОМ
– Во Кабинетот за интерна медицина се отвори втора смена со специјалист интернист
– По 4 години повторно се отвори Кабинетот по оториноларингологија
– Отворен е кабинет по неврологија за првпат во поликлиниката со исто превземен специјалист (август 2013 година).
– Комплетно реновирана Амбуланта Волково по 52 години
– Мобилна лабораторија во Амбуланта Волково
– Во кабинетот за физикална медицина рехабилитација е отворена втора смена на истиот оддел; Кабинетот е доопремен со апарати за физикална медицина
– Повторно е отворен Кабинет по дерматовенерологија со специјалист дерматовенеролог; Во кабинетот за кожни болести се врши и терапија со течен азот-крио терапија
– Отворен е пункт на Итна медицинска помош наменет за општината, како и за околните и руралните средини; Итната медицинска помош работи во три смени
– Отворен е центар за дијабет и доделен е пристап за препишување на инсулинска терапија
– Првпат на ниво на Здравствен Дом Скопје се започна со методата Електромиографија (ЕМГ) на одделот за неврологија
– Во Поликлиника Ѓорче Петров е извршено комплетно реновирање и санација на сите санитарни јазли и варосување
– Во процес е проект за нова амбуланта во Ѓорче Петров (трипартен договор МЗ,ЗДС и локална самоуправа)
– Во период од 2013-2015 година во Поликлиника Ѓорче Петров почнаа со работа вкупно 5 доктори специјалисти
– Со отворање на новите кабинети овозможено е доближување на здравствените услуги према местото на живеење и скратено време на листите на чекање

СДСМ продолжува со нивниот единствен проект за здравството произлезен од чаушовите фабрики: „повтори една лага сто пати и надевај се дека некој ќе ти поверува“. СДСМ може да продолжи и уште 100 илјади пати да повторува измислици и лаги.

Граѓаните знаат кој работи во нивниот интерес. Тоа го докажаа 9 пати по ред на избори, а анкетите кои велат дека СДСМ има мизерни 15,7% рејтинг наспроти 36,8% рејтинг за ВМРО-ДПМНЕ се јасен доказ дека ита неизбежниот пораз за СДСМ. Десетти пат по ред. Десетти пат сосема заслужено“, велат од центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски