ВМРО-ДПМНЕ: Единствената цел на СДСМ е блокада на буџетот

Од:

„Скандалозната прес конференција на Зоран Јовановски покажа дека СДСМ нема никакви конкретни барања за подобрување на буџетот, туку единствена цел е негова целосна блокада. Еве што предлага СДСМ:

  • Предлагаат 81 милион евра кратење на договорните услуги, а тоа се пари кои се издвојуваат од буџетот за здравствени услуги, за набавка на лекарства во здравстѕвото. Дали СДСМ има против бесплатното здравство за граѓаните, па го предлага ова?
  • СДСМ бара да се скратат 4 милиони евра за лабаратории. Потсетуваме дека оваа набавка е веќе направена и превземени се обврски. Треба ли да не го платиме она што сме го купиле, да ја брукаме државата и да плаќаме пенали за тоа?
  • Предлагаат да се скратат 3.5 милиони евра за изградба на училишни спортски сали и 4 милиони евра за спортски објекти. Дали СДСМ има против здрав физички развој на нашите деца и дали СДСМ е против спортот?
  • СДСМ предлага кратење на 10 милиони евра за реформи во полицијата. Што има СДСМ против овој сектор кој последниве неколку години беше најуспешен во спроведувањето на реформите и унапредувањето на оваа сфера?
  • СДСМ е против капитални инвестиции во информатиката од2.5 милиони евра. Како да одиме во 21 век без информатичката техноилогија?
  • СДСМ бара да се скратат и 3.7 милиони евра за поправки и тековно одржување. Го прашуваме СДСМ, како мисли да се одржуваат во тој случај авионите во дирекцијата за спасување, хелихоптерите во одбраната, софтверот во полицијата и одбраната?

СДСМ говори за задолжување, за заеми, а не кажуваат дека во нивно време се земени 7 ненаменски кредити и е издадена една еврообврзница од 150 милиони евра. На што ги потрошивте тие пари?

Сето ова покажува дека целтта на СДСМ не е да направи добро за земјата и граѓаните, туку да го држи во заложништво буџетот, а со тоа и пензионерите, земјоделците, капиталните инвестиции, воопшто сите функции и субјекти на државата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Зоран Јовановски.

Би можело да ве интересира

Петти ден амандманска расправа по Предлог буџетот за 2026 година

Дали во штабот на СДС се изгасија светлата?

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

СДСМ: Муцунски, Ѓорѓиевски и Љутков го заглавија проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“

СДСМ: Им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија