ВМРО-ДПМНЕ: Единствена деструктивна партија на македонската политичка сцена е СДСМ

Од:

„Единствена деструктивна партија на македонската политичка сцена е СДСМ. Бојкотот на институциите е последниот демократски механизам кога власта ја има погазено правната држава, а затворите се преполни со политички затвореници.

Проекти во полза на граѓаните нема. Буџетот и народните пари безмилосно се трошат само за да се задоволат расипничките потреби на партиските кадри. Единствено нешто на кое што работат е целосна партизација на сите нивоа, не водејќи сметка ниту за интересите на децата во градинките и училиштата во Аеродром.

За да ја покријат сопствената неспособност и расипништво, СДСМ политички гонат и притвораат патриоти, обидувајќи се да замолкнат секаква критика за нивното антидржавно однесување. СДСМ со притворањето на патриотите сака да го спречи секој глас што јавно ќе се спротивстави на намерите и погубните политики на Зоран Заев.

Во Македонија во моментов не функционира демократската држава, а нема ништо полесно од тоа да се критикува актуелниот хаос кој што со своето неработење го креира СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он