ВМРО-ДПМНЕ: Единствен критериум и закон кој СДС го признава е законот на партиската книшка

Од:

„СДСМ им порача на граѓаните дека единствен критериум и закон кој тие го признаваат е законот на партиската книшка. За нив тоа е лична карта од која зависи дали некој ќе земе пензија, ќе се вработи, ќе му биде пружена лекарска помош, ќе добие социјална помош, ќе може да извади имотен лист.

Ваквото признание е фрапантно. Не смееме да дозволиме масовна партизација и зграпчување на целиот систем препуштајќи на самоволието на една партија. Остварувањето на основните човекови права е столбот во едно општество и нивното остварување не треба да зависи од тоа дали некој е или не е член на СДС. Строга нотирана насока од страна на Европската Унија е задржувањето на департизиран систем. Она што го кажа пратеникот од СДСМ е се само не е тоа.

Затоа апелираме и од Европската Унија одблиску да го следи работењето на СДС, да реагира и го осуди ваквото однесување кое во спротивност со препораките од Европската Комисија.

Кога неспособноста и неработењето е доминантна карактеристика на партијата и владата, членската книшка и тоталната партизација се единствениот начин за узурпирање на власта.

До сега ниту СДС ниту Зоран Заев не се одзва на нашиот апел да го разрешат од партија и исклучат од пратеничката група на СДС пратеникот Курто Дудуш кој го даде ова фрапантно признание. Тоа значи дека СДС не само што искрено не го осудува, туку и дава поддршка и стимулира ваков систем на работење“, изјави Дарко Костовски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта

(ВИДЕО) Кузеска: Под радарот течат матни зделки на Мицкоски за дата-центри, а ВМРО-ОКГ со лаги ги прикрива

Горан Наумовски