ВМРО-ДПМНЕ: Еден месец на власт, а министерствата и Владата се преполнија со некомпетентни партиски кадри

Од:

„СДС во текот на изборите ветуваше професионални државни институции и департизиран државен апарат, за сега еден месец откако стапнаа на власт да гледаме како нивни пратеници ветуваат против правни услуги и привилегии за членовите на СДС, а институциите ги полнат со партиски кадри и кадри на Сорос.

Граѓаните видоа како Курто Дудуш од СДС ветува привилегии за граѓаните кои поседуваат членска книшка на СДС, дека истата ќе биде втора лична карта и дека со неа ќе можат да се прават сообраќајни прекршоци без притоа да бидат казнети од полиција, поседувачите на истата ќе имаат привилегии на лекар и во социјално.

Ветувањата на Дудуш се срам за целиот демократски свет, ветувањата на Дудуш во темел ја поткупуваат правната држава и принципот на владеење на правото. СДС ветува целосна партизација на општеството до најситните пори на истото, тоа не смее да остане премолчено и заборавено.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите меѓународни претставници во Македонија и меѓународната заедница да реагираат на ваквото прекршување на демократските принципи во нашата држава.

Додека Дудуш ветува, Заев остварува. Еден месец на власт, а министерствата и Владата се преполнија со некомпетентни партиски кадри и кадри на Сорос.

СДС постави директори на Службен весник, Државниот завод за статистика, Агенцијата за млади и спорт, Државниот архив и Управниот инспекторат, без притоа да ги испочитува законските процедури.

Под државна капа СДС ги стави соросовците, Зоран Бојаровски, Бојан Маричиќ, Дане Талески, Марјан Забрчанец, Петрит Сарачини, Никола Наумовски, Петар Арсовски, Ѓунер Исмаил, Бранимир Јовановиќ и многу други кои беа дел од така наречената шарена револуција, која причини огромна материјална штета на објектите, мостовите и спомениците во градот Скопје.

Граѓаните од СДС очекуваат професионален државен апарат во служба на граѓаните, а не партиска држава со привилегии за членовите на СДС, каде остатокот од граѓаните ќе бидат граѓани од втор ред“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните