ВМРО ДПМНЕ е подготвена да поддржи една изборна единица, ако власта го прифати тоа

Од:

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, е подготвен да прифати една изборна единица и неговата партија ќе го поддржи ваквото решение во парламентот доколку власта го прифати тоа, особено албанските партии.

Мицкоски ова го изјави во одговор на новинарско прашање при денешниот увид во реализацијата на проектите во Општина Василево, при што истакна дека го прифаќа укажувањето на ОБСЕ изборите да се спроведуваат во една изборна единица.

-Во четвртата изборна единица се избира пратеник со 7 до 7,5 илјади гласови, а во шестата со 5 до 5,5 илјади гласови, тогаш за да се отстрани тоа треба да имаме една изборна единица и секој пратеник што ќе биде избран во макеоднското собрание ќе биде избран со подеднаков број на гласови. Јас апелирам до ДУИ и Алијанска за Албанците да излезат во јавноста и да прифатат една изборна единица и нема потреба од национализам и иредентизам зашто секој граѓанин е еднаков пред Уставот и тие што гласаат во Тетово, Гостивар, треба да се исти со тие во Струмица, Василево и други општини. Затоа власта нека го прифати тоа, а ние како ВМРО ДПМНЕ сме подготвени во парламентот тоа да го поддржиме и да одиме на избори, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела