ВМРО-ДПМНЕ: Две недели пред почетокот, Царовска без план како ќе се одвива учебната година

Од:

Две недели пред почетокот на учебната година, а Царовска се уште без концепт како ќе се одвива учебната година. Оваа изгубена власт повторно неспремна и без идеја како да ја спроведе учебната година. Учениците, родителите и наставниците на само 15-тина дена до стартот на годината не знаат на каков начин истата ќе се спроведува велат во соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Родителите не знаат дали нивните деца ќе тргнат на училиште, наставниците не знаат на каков начин ќе предаваат.Јавноста, но и родителите и учениците ги немаат видено електронските учебници, ниту знаат како ќе учат учениците од прво и четврто одделение според Концепцијата за реформи во образованието на Мила Царовска. Како наставниците и учениците од прво и четврто одделение на само две недели пред учебната година ќе се подготват за одржување на електронското учење. Учебната година само што не почнала, а учениците се уште ги немаат добиено сведителствата од претходната година. Заради неспособноста на Царовска и оваа година ќе започне со тотален хаос или со повторно одложување на стартот на учебната година, се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?