ВМРО-ДПМНЕ: Двајцата избрани директори Николче Тасески и Климент Чепуњоски се нелегитимни и сите нивни досегашни одлуки се незаконски

Од:

„Вчера ви обелоденивме случај за незаконски разрешувања од страна на Зоран Заев во АД за давање услуги во воздухопловна навигација М-НАВ, каде што незаконски беа назначени новите извршни директори на навигација и техника како и претседателот на Управен одбор, Николче Тасески и Климент Чепуњоски.

Двајцата избрани директори Николче Тасески кој е претседател на управниот одбор како и Климент Чепуњоски се нелегитимни директори со тоа и сите нивни досегашни одлуки се незаконски. Скандалот и незаконитостите добиваат се поголеми размери. Владата на Зоран Заев и СДС се повеќе тонат во беззаконие.

Назначените членови на Надзорен одбор, од 3-ти август кои ги избраа на првата седница Ангел Папеш, Весна Павлов и Едмонд Калиќи дури по неколку обиди не беа впишани во Централниот регистар поради незавршени обврски од страна на еден од членови кон институцијата.

За да биде иронијата поголема, овие тројца членови веќе избрале нови раководни лица во институцијата односно директори кои веќе директоруваат со институцијата, и тие не се впишани како членови на надзорниот одбор во централен регистар, туку од првичните тројца кои што биле избрани на седницата впишана е само Весна Павлов и додаден е Милорад Милановиќ, човек кој воопшто и не присуствувал на седницата на која се избрани новите директори во институцијата М-НАВ.

Го прашуваме Зоран Заев, кога е назначен новиот член на надзорниот одбор Милорад Милановиќ и во која постапка?

Со овој хаос кој го предизвика СДС може да предизвика сериозна опасност и сериозно сме загрижени за авиосообраќајот.

Овој срамен скандал кој го креираше Владата на СДС, мора да биде предмет на работа на надлежните судски органи.

Ваквиот начин на работа е препознатлив од страна на граѓаните за работата на СДС и Зоран Заев. Ваквото незаконско разрешување и именување на раководни лица низ институциите ќе им предизвика штета единствено на граѓаните.

Затоа, на 15ти октомври, СДС и Зоран Заев ќе бидат казнети од страна на граѓаните за сите катастрофално погрешни политики кои ги водат“, изјави Димче Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ, преку Африм Гаши, се обидува да ја забрани Надзорната расправа за Кочани, обвини Левица

Филипче: Пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ, животниот стандард е паднат за 20%

Митрески: Бидејќи секој наш предлог се одбива, СДСМ поднесе 12 закони од изборните ветувања на ВМРО-ДПМНЕ

Филипче: Денот по утрото се познава, најлошото допрва доаѓа

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

Петрушевски: Огромни суми на пари од продажбата на јаглен на ЕСМ завршувале на сметки на фирми на Заев, а кои имаат тесна врска со Филипче