ВМРО-ДПМНЕ: Два месеци Македонија дише загаден воздух

Од:

„Власта го зацрни животот на граѓаните. Веќе два месеци Македонија дише загаден воздух. Скопје е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најазагадени во светот, а власта не презема ништо.

Заев, Макрадули и Шилегов ветуваат почист воздух веднаш откако ќе ја преземат власта, две години потоа ништо од она што го ветуваа не е случај. Наместо мерки и проекти спијат во Собрание за време на расправа и играат игри на телефон.

Додека власта мува не ја лази дали воздухот ќе биде чист или загаден, десеттици граѓани секој ден завршуваат во здравствените установи ширум државата со срцеви и белодробни проблеми како резултат на загадениот воздух, во кој концентрацијата на ПМ 10 честички е неколкукратно над дозволеното секој ден.

ВМРО-ДПМНЕ знае дека СДСМ е дезориентирана партија и дека не знаат каде ја водат државата, токму затоа предложивме сет мерки за справување со загадувањето, меѓу кои:

– субвенционирање сметките за електрична енергија на социјално загрозените семејства,

– забрана за употреба на петрол и кокс,

– бесплатен градски превоз додека трае загадувањето.

Граѓаните не смее да трпат заради неспособноста и безидејноста на СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ нуди мерки и решенија, а не празни ветувања напумпани пред избори како што тоа го направи СДСМ.

Црнилата која ги предизвика оваа власт мора да престанат да бидат наше секојдневие. Граѓаните заслужуваат чист воздух, тоа е нивно право и обврска на секоја влада. СДСМ не може тоа да го овозможи и мора да си замине, колку порано толку штети по државата и граѓаните ќе бидат помали. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против штетните политики на ненародната власт да ни се придружат на протестниот марш во Скопје, во четврток (20.12.2018) кој тргнува од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

Куповната моќ на граѓаните е драстично зголемена, платите растат побрзо од цените, се пофали ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски