ВМРО-ДПМНЕ: Дури Македонија тоне во сиромаштија и сме последни што набавуваме вакцини, Заев троши пари за нови советници во кабинетот

Од:

„Заев покажа дека живее во луксуз, додека државата тоне во сиромаштија. Златните лажици на Заеви кои чинат над 50.000 евра покажуваат каде завршуваат парите во Македонија.

Бахатоста на Заев се гледа и во одлуката да ангажира дополнителни советници за дебели хонорари, во време кога цел свет штеди за да го заштити здравјето на граѓаните како врвен приоритет“, велат ВМРО-ДПМНЕ.

„Во услови кога 54 илјади луѓе останаа без работа, уште 50 илјади не земаат редовно плата, а 500 илјади граѓани живеат во сиромаштија, Заев се луксузира и вработува нови советници, платени со дебели хонорари со парите од даночните обврзници.

Овие новите квази експерти и досегашните луѓето среде епидемија и економска криза ќе ги чинат граѓаните 400 илјади евра годишно. Кое е фајдето од Ахмедовски, Љубе Бошковски, Едмонд Адеми, сопругата на директорот нс партискиот центар за лаги на СДСМ и десетици други кои џабе ќе ги јадат народните пари, никој не знае?

Наместо да ги плаќаат нив, нека купат вакцини, да не бидеме последната земја во Европа кај што ќе почне вакцинација против корона вирусот.

Додека Заев го полни кабинетот со послушници Македонија е најзадолжена во историјата, најсиромашна, накорумпирана и најнесреќна во Европа и петта замја во светот по смртност во епидемијата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски