ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ и СДСМ правата на граѓаните ги множат со нула, наместо европски вредности го воспеваат диктаторот Енвер Хоџа

Од:

„ДУИ како и нивниот партнер во власта и во криминалот, СДСМ, целосно се изгубија. Наместо европски вредности, тие се сведоа на воспевање на комунистички диктатор како што е Енвер Хоџа. Наместо западна демократија, тие глорифицираат тоталитарен режим кој ја направи Албанија во тоа време најизолираната и најсиромашната држава во Европа“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„И сега кога Албанците го гледаат Ахмети како пее и жали за времето на Енвер Хоџа, им станува јасно дека декларативните изјави на ДУИ за европски вредности се обично лицемерие. Тие се восхитуваат на комунизмот, тоталитарниот режим и диктаторот кој беше свртен кон Кина и СССР и поради кој страдаа многу Албанци.

Всушност Ахмети и ДУИ длабоко во себе не се заштитници на права и слободи исто како што наместо демократија тие преферираат тоталитарен диктатор како Енвер Хоџа.

Тие се само дел од мафијата на власт која владее за да краде и да ги осиромашува граѓаните, меѓу кои најмногу Албанците. СДСМ и ДУИ правата на граѓаните ги множат со нула и гледаат само криминалот да им врви“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче